Реклама

loading...

Wednesday, February 17, 2016

ЛАВА КОЛАЧ

Колач кој ми го освои срцето! Во моментов многу популарен на балканот. Дефинитивно најубавото нешто што сум го направила до сега. Многу едноставно, а сепак величенствено.

За овој колач ќе ви биде потребно:

  • 175 гр чоколадо за готвење (најдобро е да се употреби темно чоколадо со околу 70% какао),
  • 175 гр путер,
  • 3 јајца,
  • 1/2 чаша шеќер,
  • 1/3 чаша брашно.


Начин на подготовка:

Прво вклучете ја рерната на 250 степени. Од најголемо значење е рерната да биде совршено загреана. Потоа растопете го чоколадото на пареа и кога ќе се стопи, со брзо мешање со жица, ставајте една по една коцка од путерот. На почетокот не ставајте нова коцка путер додека претходната целосно не се стопи. Кога ќе го потрошите целиот путер тргнете ја смесата од оганот да се олади. За тоа време во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот, како за торта. Додадете ја смесата од путер и чоколадо, па на крај додадете го брашното. Намастете неколку калапчиња и наполнете ги до 3/4 од нивниот волумен. Печете ги колачите околу 8 до најмногу 10 минути, никако подолго! Оставете ги да отстојат една минута, па префрлете ги на чинија за послужување. Лава колачот се послужува додека е топол.

Коментар на гурманот:
Нема човек кој го проба овој колач, а веднаш не се заљуби. Лава колачот е вистинска кралица на колачите!

No comments:

Post a Comment