Реклама

loading...

Sunday, June 8, 2014

ЛЕСКОВАЧКА МУЧКАЛИЦА

Оригинален рецепт позајмен од нашите северни соседи. Одлично јадење, што можете да го зготвите за некој празник и да го споделите со саканите.

За лесковачката мучкалица ќе ви биде потребно:

  • 1 кг свинско месо (врат),
  • 200 г месната свежа сланина,
  • 4-5 главици кромид,
  • 10 печени пиперки,
  • 500 г свеж домат (може и доматна салца, но никако кечап),
  • 2 главици лук,
  • 2-3 суви пиперки,
  • сол, лути пиперки, зачин, масло за јадење (по вкус),



Начин на подготовка:
Месото исечете го на поголеми коцки (не ја отстранувајте маснотијата) и посолете го со сол и зачин. Печете го на скара (најдобро би било да се нареди на стапчиња и да се направат „ражничи“). Во меѓувреме, ситно исецкајте го кромидот и ставете го да се пржи, повремено додавајќи малку по малку вода, додека целосно не се издинста. Потоа додадете ги излупените и исецкани печени пиперки и лукот, пропржете уште малку па додадете го доматот или доматната салца. Зачинете по вкус. Динстајте додека течноста не испари. Додадете го месото и полијте со малку вода и оставете уште да се динста додека зеленчукот не се претвори во компактна маса. По желба можете смесата да ја префрлите во тава и да ја потпечете. Јадењето се служи топло.

Коментар на Гурманот:
Толку многу ми зборуваа за таа Лесковачка мучкалица, што морав да ја направам да видам што чудо од јадење ќе беше тоа. И навистина беше одлична, но се разбира, сигурно не толку добра колку што би била во Лесковац. На интернет ќе најдете неколку рецепти за ова јадење, но јас најдов рецепт што пишуваше „оригинална лесковачка мучкалица“, па се надевам дека навистина ја направив оригиналната верзија. Па, доколку знаете повеќе или сте ја пробале, слободно искоментирајте, да ги споредеме белешките. Уживајте...

Совет:
Јадењето со ова количество намирници е доволно за 6-8 лица. Доколку го правите за помалку луѓе, намалете ги намирниците.

No comments:

Post a Comment