Реклама

loading...

Sunday, June 8, 2014

РАЈСКА ТОРТА

Декоративна, вкусна, лесна и екстра брза торта. Секојпат кога треба да изгледате како мајстор, а немате време за нешто посериозно, оваа торта е вистински спас.


За тортата ќе ви биде потребно:
  • 3 готови кори за торта (или едноставно направете обичен пандишпан со додаток на какао),
  • 0,5 литри слатка павлака,
  • овошје по избор (ананас, малини, јагоди),
  • слатко од јагоди за украсување,
  • течно чоколадо.


Начин на подготовка:
Ставете една од корите на рамна чинија и одозгора наредете го овошјето (во овој случај употребив ананас од конзерва). Ако овошјето не е свежо, туку е во форма на некој компот тогаш употребете го и сокот од компотот и полека прелејте ја секоја кора со по две до три лажици од сокот. Одозгора ставете големо количество од павлаката и не се обидувајте да го измазните, туку намерно само избуткајте го кон краевите на кората за да го добиете изгледот како на сликата. Истата постапка повторете ја и со останатите кори. Одозгора, во средината ставете една голема лажица слатко од јагоди или од вишни. Со течно чоколадо направете кругови врз павлаката, па потоа со нож повлечете линии од центарот кон надвор и обратно за да ја добиете шемата како на сликата. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер најмалку еден час пред да ја послужите.

Коментар на гурманот:
Сите знаеме дека нема секогаш време да се направи нешто посебно, а со оваа торта можете да се спасите во многу ситуации. :) 

No comments:

Post a Comment