Реклама

loading...

Monday, May 12, 2014

СНЕЖНИ МАФИНИ


Брзи, посни и многу вкусни, овие мафини навистина ќе ве изненадат. Однадвор крцкави, а внатре меки како памук. Едноставно се топат во устата. Одлични за моменти кога немате многу време или едноставно немате трпение за нешто посложено.


За мафините ќе ви биде потребно:
  • 3 чаши брашно,
  • 2 чаши вода,
  • 1 чаша масло за јадење (стопен маргарин),
  • 1 пециво,
  • 1 чаша слатко (шеќер),
  • шеќер во прав.



Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги сите состојки (освен слаткото) и убаво изматете со поголема дрвена лажица. Потоа додадете го слаткото (по избор) и уште еднаш изматете. Доколку немате слатко можете едноставно да додадете шеќер (и по избор можете да додадете и некое суво овошје). Вака подготвената смеса префрлете ја во претходно подмачкани калапи полнејќи половина од калапот. Доколку сакате да ги печете мафините во хартиени калапи, тогаш наместо масло за јадење во смесата ставете растопен маргарин (во спротивно, мафините нема да се одлепуваат од калапите). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 до 30 минути, додека мафините не добијат златно жолта боја, а краевите треба да се зацрвенат. Оставете ги да се изладат. Потоа посипете ги со шеќер во прав.

Коментар на гурманот:
Одлични колачиња, а посебно добра промена за оние кои постат. Во секој случај, толку се вкусни што никој нема да поверува дека се посни...

No comments:

Post a Comment