Овие лиснати кифли се вистинско гурманско задоволство. Не се тешки за подготовка, како што обично е случај со лиснатото тесто, па затоа сметам дека секој може да ги направи. Ќе бидете изненадени од конечниот резултат.
За кроасаните ќе ви биде потребно:
- 1 кг брашно,
- 300 мл топла вода,
- 200 мл млеко,
- 2 јајца,
- 60 гр квасец,
- 1,5 лажичка сол,
- 2 лажички шеќер,
- 250 гр маргарин.
Од дадените продукти (освен маргаринот) замесете средно меко тесто. Тестото поделете го на 32 топчиња. Многу е важно да се знае дека ова тесто не треба да се остави да стасува! Мора веднаш и брзо да се работи. Од топчињата расукајте мали округли кори. Во меѓувреме во подлабок сад растопете го маргаринот, доволно за да може да се мачка (да не биде целосно течен). Секоја кора премачкајте ја одозгора со маргарин и редете ги една врз друга осум кори. Осмата кора не ја премачкувајте со маргарин. Така ќе добиете четири посебни кори составени од осум помали кори. Секоја од четирите кори расукајте ја и округлата кора поделете ја на осум дела. Од секој дел завиткајте кифла. Така подготвените лиснати кифли редете ги во подмачкана тава. Одозгора кроасаните премачкајте ги со разматено јајце со една лажичка сол. По избор можете да ги посипете со сусам, ким или со нешто по ваш избор.
Овие кроасани имаат и блага верзија, која ќе ви ја претставам во друга можност.
Кроасаните печете ги во загреана рерна на 250 степени, околу 30 минути.
Коментар на гурманот:
Мх, мх, мх...
No comments:
Post a Comment