Најскапиот зачин во светот сметано по тежина, шафранот, се добива од цвеќето шафран крокус (Crocus sativus). Познавачите честопати ја опишуваат аромата и вкусот на шафранот како слични на мед со нота на трева или сено. Тој на храната и дава светло жолта до портокалова боја. Се користи во многу кујни како кинеската, индиската, турската, арапската, а исто така се користи и како лек, како текстилна боја и во парфимериите.
Неодамна современата медицина открила неколку лековити својства на шафранот:
- се верува дека шафранот има антиканцерогени (го потиснува ракот), антимутагени (спречува мутирање), имуномодулаторни и антиоксидантски својства,
- шафранот исто така помага при депресија, а од тука и при губењето на тежината,
- тој помага при олеснување на симптомите од ПМС,
- ги инхибира хистамин H1 рецепторите, што значи дека помага при алергии,
- има заштитна улога на срцето,
- ги заштитува очите од ефектот на директна силна светлина и стрес на рожницата.
Сепак треба да се знае дека шафранот во кујната треба да се употребува во мали количества, во спротивно ќе го добиете неговиот не толку привлечен лековит вкус. Шафранот одлично одговара со сите јадења во кои се употребува ориз, а одличен и за слатки рецепти каде што ќе ви ја понуди неговата неверојатно прекрасна жолта боја. Уште еднаш напоменувам дека во кујната шафранот треба да го користите во помали количества.
No comments:
Post a Comment