Реклама

loading...

Sunday, June 8, 2014

ТРОБОЈНА САЛАТА

Многу декоративна и вкусна салата. Може да ја украсува вашата трпеза во секое време.
За салатата ќе ви биде потребно:

  • 800 гр урда,
  • 200 гр сирење,
  • 1 маргарин,
  • 5-6 лажици мајонез,
(печени црвени пиперки и буковец, 150-200 гр салама и китка магдонос, 50 гр толчени ореви и 50 гр пропржен сусам).


Начин на подготовка:
Во поголем сад ставете ги сите продукти и изматете ги со миксер. Добиената смеса поделете ја на три дела. Во првиот дел додадете ги исецканите црвени пиперки и буковецот, во вториот дел исецканата салама и китката магдонос, а во третиот дел додадете ги оревите и сусамот. Се убаво промешајте. При делењето на деловите во првиот дел ставете најмалку од смесата бидејќи пиперките додаваат на волуменот и испаѓа многу. Деловите еден по еден наредете ги во долгнавест калап (или во калап за куглоф) во кој претходно сте ставиле фолија-ќеса. Салатата ставете ја во фрижидер да отстои најмалку еден час.

Коментар на гурманот:
Многу декоративно, а и вкусно. Пробајте!

No comments:

Post a Comment