Реклама

loading...

Saturday, December 17, 2016

БРЗА ПИТА

Ова е навистина брза пита и одлична идеја кога не знаете што да подготвите за јадење.

За питата ќе ви биде потребно:

  • 500 гр кори за пита,
  • 200 гр вода,
  • 100 гр масло за јадење,
  • фил по желба (пр. кисела зелка, сирење, спанаќ и сирење)


Подготовка на питата:
Во намастена тава ставете три кори така што речиси половина од корите ќе излегуваат надвор од тавата. Попрскајте со смесата од вода и масло, па ставете мал дел од филот. Потоа земете една кора изгужвајте ја и поставете ја врз филот. Истото направете го и со следната кора и поставете ја накрсно. Корите поставувајте ги така што ќе ја зафаќаат површината на тавата. Повторно попрскајте со водата и маслото и ставете дел од филот. Ова повторете го трипати. На крајот земете ги краевите од трите кори и преклопете ги одозгора. Питата попрскајте ја со преостанатата вода и масло. Печете на 200 степени, околу 30 минути.

Коментар на гурманот:
Ова е едно од ретките јадења кое можете да го направите на брзина, а сепак да е многу вкусно!

Wednesday, February 17, 2016

ЛАВА КОЛАЧ

Колач кој ми го освои срцето! Во моментов многу популарен на балканот. Дефинитивно најубавото нешто што сум го направила до сега. Многу едноставно, а сепак величенствено.

За овој колач ќе ви биде потребно:

  • 175 гр чоколадо за готвење (најдобро е да се употреби темно чоколадо со околу 70% какао),
  • 175 гр путер,
  • 3 јајца,
  • 1/2 чаша шеќер,
  • 1/3 чаша брашно.