Многу вкусна, празна пита со потекло од врањанската област. Навистина е празна, но зачудувачки вкусна. Иако вистинската верзија е пита што се меси и развлекува, овде ќе ви ја прикажам брзата верзија што се прави со готови кори, а сепак е навистина блиска до оригиналниот вкус. Во некоја друга прилика ќе ја видите и вистинската пита самса.
- 500 гр кори за пита,
- 7 лажици брашно,
- 1/2 коцка квасец,
- 125 гр маргарин (или масло за јадење),
- 300 мл вода.
- 2 дл кисела павлака,
- 2 дл јогурт,
- 4-5 чешниња лук,
- сол по вкус.