Реклама

loading...

Saturday, December 17, 2016

БРЗА ПИТА

Ова е навистина брза пита и одлична идеја кога не знаете што да подготвите за јадење.

За питата ќе ви биде потребно:

  • 500 гр кори за пита,
  • 200 гр вода,
  • 100 гр масло за јадење,
  • фил по желба (пр. кисела зелка, сирење, спанаќ и сирење)


Подготовка на питата:
Во намастена тава ставете три кори така што речиси половина од корите ќе излегуваат надвор од тавата. Попрскајте со смесата од вода и масло, па ставете мал дел од филот. Потоа земете една кора изгужвајте ја и поставете ја врз филот. Истото направете го и со следната кора и поставете ја накрсно. Корите поставувајте ги така што ќе ја зафаќаат површината на тавата. Повторно попрскајте со водата и маслото и ставете дел од филот. Ова повторете го трипати. На крајот земете ги краевите од трите кори и преклопете ги одозгора. Питата попрскајте ја со преостанатата вода и масло. Печете на 200 степени, околу 30 минути.

Коментар на гурманот:
Ова е едно од ретките јадења кое можете да го направите на брзина, а сепак да е многу вкусно!

Wednesday, February 17, 2016

ЛАВА КОЛАЧ

Колач кој ми го освои срцето! Во моментов многу популарен на балканот. Дефинитивно најубавото нешто што сум го направила до сега. Многу едноставно, а сепак величенствено.

За овој колач ќе ви биде потребно:

  • 175 гр чоколадо за готвење (најдобро е да се употреби темно чоколадо со околу 70% какао),
  • 175 гр путер,
  • 3 јајца,
  • 1/2 чаша шеќер,
  • 1/3 чаша брашно.

Wednesday, April 22, 2015

САМСА

Многу вкусна, празна пита со потекло од врањанската област. Навистина е празна, но зачудувачки вкусна. Иако вистинската верзија е пита што се меси и развлекува, овде ќе ви ја прикажам брзата верзија што се прави со готови кори, а сепак е навистина блиска до оригиналниот вкус. Во некоја друга прилика ќе ја видите и вистинската пита самса.

За самсата ќе ви биде потребно:

  • 500 гр кори за пита,
  • 7 лажици брашно,
  • 1/2 коцка квасец,
  • 125 гр маргарин (или масло за јадење),
  • 300 мл вода.
За сосот за премачкување:

  • 2 дл кисела павлака,
  • 2 дл јогурт,
  • 4-5 чешниња лук,
  • сол по вкус.

Sunday, June 8, 2014

МОЈАТА ЏУНГЛА

Отсега во Гурман, во делот Зелено катче, ќе пишувам за некои поздрави рецепти, поздрав начин на живот и едноставно за она што е зелено. Дома веќе некое време се обидуваме да јадеме поздрава храна. Така се роди идејата да си направам градина во која ќе насадам само неколку видови зеленчук, за почеток. Арно ама, бидејќи не знаев речиси ништо за земјоделие, мојата градина стана џунгла. Растенијата израснаа повеќе од она што очекував, успеаја повеќе работи, а не беа испланирани соодветно. Во секој случај, научив многу и следната година ќе направам помалку грешки. Еве неколку слики подолу од сите растенија во мојата мала џунгла. Во градината не употребувам никакви хемиски супстанции. Сè е природно. Па, ако имате некој совет, искуство или едноставно коментар, слободно пишете.

Зелената боранија е едно од растенијата кое ми е најуспешно. Малку почека додека успеав да направам нешто по што ќе се качува, ама на крај добро излезе.

Зелена боранија
Цвет на зелена боранија

ШАФРАН

Најскапиот зачин во светот сметано по тежина, шафранот, се добива од цвеќето шафран крокус (Crocus sativus). Познавачите честопати ја опишуваат аромата и вкусот на шафранот како слични на мед со нота на трева или сено. Тој на храната и дава светло жолта до портокалова боја. Се користи во многу кујни како кинеската, индиската, турската, арапската, а исто така се користи и како лек, како текстилна боја и во парфимериите.


Неодамна современата медицина открила неколку лековити својства на шафранот:

  • се верува дека шафранот има антиканцерогени (го потиснува ракот), антимутагени (спречува мутирање), имуномодулаторни и антиоксидантски својства,
  • шафранот исто така помага при депресија, а од тука и при губењето на тежината,
  • тој помага при олеснување на симптомите од ПМС,
  • ги инхибира хистамин H1 рецепторите, што значи дека помага при алергии,
  • има заштитна улога на срцето,
  • ги заштитува очите од ефектот на директна силна светлина и стрес на рожницата.

ТРОБОЈНА САЛАТА

Многу декоративна и вкусна салата. Може да ја украсува вашата трпеза во секое време.
За салатата ќе ви биде потребно:

  • 800 гр урда,
  • 200 гр сирење,
  • 1 маргарин,
  • 5-6 лажици мајонез,
(печени црвени пиперки и буковец, 150-200 гр салама и китка магдонос, 50 гр толчени ореви и 50 гр пропржен сусам).


ЛЕСКОВАЧКА МУЧКАЛИЦА

Оригинален рецепт позајмен од нашите северни соседи. Одлично јадење, што можете да го зготвите за некој празник и да го споделите со саканите.

За лесковачката мучкалица ќе ви биде потребно:

  • 1 кг свинско месо (врат),
  • 200 г месната свежа сланина,
  • 4-5 главици кромид,
  • 10 печени пиперки,
  • 500 г свеж домат (може и доматна салца, но никако кечап),
  • 2 главици лук,
  • 2-3 суви пиперки,
  • сол, лути пиперки, зачин, масло за јадење (по вкус),